French,President,Emmanuel,Macron,During,A,Meeting,With,Governor,Of

08.07.2024 Скопје

Забележано е дека говорот на претседателот не е планиран. Во моментов Макрон ги проучува резултатите од парламентарните избори како што се објавени по области.

Макрон претходно изјави дека прелиминарните резултати од парламентарните избори во Франција не покажуваат „кој ќе владее“.

Лидерот на левичарската коалиција Нов народен фронт, Жан-Лук Меланшон, која води на парламентарните избори во Франција, доцна синоќа изјави дека коалицијата ќе инсистира на признавање на независна Палестина. Во говорот пред поддржувачите, Меланшон посочи дека постои можност потешко да се спроведе надворешнополитичката програма на неговата коалиција, за која ќе разговараат новиот премиер и претседателот Емануел Макрон.

Тие ќе мора да се помират со фактот дека ја признаваат Палестина што е можно поскоро, рече тој додека толпата извикуваше „Слобода на Палестина“.

Судири со органите на редот и вандалски акти биле пријавени во Париз, Лион, Нант и Рен во текот на ноќта по вториот круг од парламентарните избори. Во француската престолнина биле подметнати пожари, а полицајци биле мета на пиротехнички средства на Плоштадот на Републиката. Полицијата се судри со група маскирани лица со качулки „кои очајнички се обидуваа да ги испровоцираат органите на редот“.

Претходно во таа област имаше митинг на приврзаниците на левичарскиот „Новиот народен фронт“, кој победи на парламентарните избори во Франција. Во Нант, демонстрантите фрлаа шишиња и бомби кон полицијата, која одговори со солзавец. Повреден е еден полицаец. Префектурата Рен објави 31 апсење за акти на вандализам.

Подготвено од М.Д.

About Author