roditeli i deca 2

16.07.2024 Скопје

Напуштањето на домот и тргнувањето за градење на сопствениот живот се смета за клучен столб на зрелоста во многу земји. Тоа е прочуен знак по кој општествата сметаат дека личноста е соодветна и способна да ја гради и одржува траекторијата на сопствениот живот. Сепак, не сите култури и семејни структури се исти, а пак економиите можат многу да влијаат на способноста за иселување.

Просечната возраст за иселување на балканските земји е над 30 години, за разлика од поразвиените земји во Европа. Силните семејни врски и економските притисоци – високите кирии во споредба со пониските локални плати се факорите кои влијаат на повисоката возраст за иселување во регионот.

Според податоците на Евростат, актуелни до 2023 година, кој ги рангира европските земји според просечната возраст на која луѓето ги напуштаат своите родителски домови, балканските земји, а и Јужна Европа во целина, го напуштат родителско гнездо малку подоцна во животот.

Младите на Балканот ги напуштаат своите родителски домови и се осамостојуваат многу подоцна, покажуваат податоците на Евростат. Според кои младите од Република Северна Македонија ги напуштаат своите родителски домови на 32,1 година.

Младите во Хрватска го напуштаат својот родителски дом во просек на 32 години, Србите си одат од своите родителски домови на 32 години, во Црна Гора на 33 години.

Друга интересна корелација е како земјите на Балканот имаат тенденција да имаат повисоки стапки на сопственост на домовите (Романија, Словачка и Хрватска, сите над  90 отсто) што укажува дека изнајмувањето не е популарен избор за жителите.

Семејствата со повеќе генерации се исто така почести низ целиот Балкан, како наследство од општество кое е повеќе ориентирано кон земјоделството, посилна црква и послаба социјална држава и институции.

Во нордиските земји, Финска, Шведска и Данска, просечната возраст на иселување е во опсег од 21 до 22 години. Слично на тоа, нивните стапки на сопственост на домови се многу пониски во споредба со земјите во регионот.

Младите во остатокот од Европа ги напуштаат своите родителски домови во раните дваесетти години (Естонија – 23, Холандија – 23, Франција – 24, Германија – 24).

Според експертите, главната причина зошто младите на Балканот живеат подолгосо своите родители, делумно лежи во традицијата (посилни семејни врски), но најдоминантна причина е недостатокот на финансиска независност, пред сѐ поради недостиг на добро платени работни места. Високите цени на недвижностите, како и трошоците за живот, предизвикуваат младите да одлучат да не го напуштат родителскиот дом. Зголемената невработеност и несигурноста на пазарот на трудот придонесуваат младите да се одлучат да останат со своите родители.

Подготвено од М.Д.

About Author