leni kravic gitara ohrid

23.07.2024 Скопје

На две недели пред неговиот концерт во Охрид на СРЦ Билјанини Извори, Лени Кравиц реши да ги изненади охриѓани.

После сите светски метрополи, како Њујорк, Лондон, Париз, Лос Анџелес.. Лени Кравиц реши својата џиновска гитара да ја постави и сред една наша природна убавина – Охридското Езеро!

Како дел од европската турнеја ,,Blue Electric Light” и промоција на истоимениот албум, Лени Кравиц го носи своето спектакуларно шоу во Охрид на 4 август на СРЦ Билјанини Извори, во организација на „Авалон продукција“.

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Република Северна Македонија.

Скопје, пред пет години, беше сведок на феноменален концерт на поп-музичарот. Салата „Борис Трајковски“ е често критикувана за неакустичноста, но на концертот се беше совршено. Траеше повеќе од два часа, што беше сосема доволно публиката да ги регенерира сите клетки и со насмеани лица да си замине дома. Така беше и пред 15 години на неговиот концерт во Охрид. Кога Лени одржува концерт, тоа влегува во историјата.

Кравиц ја освојуваше Греми наградата за најдобра рок изведба четири години по ред, од 1999 до 2002, со што го урна рекордот во оваа категорија. Тој има продадено околу 38 милиони албуми низ цел свет.

Подготвено од М.Д.

About Author