19.07.2024 Скопје
Растението кое е прогласено за најздраво на светот најмногу се одгледува само за украсување.
Никогаш не би ни помислиле на тоа.
Летната сезона нуди многу на маркетите, а вистинска дилема е што да одберете за да извлечете најмногу за вашите пари. Неодамна дознавме дека Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави дека најздрав зеленчук е крес. Оваа салата освои максимални 100 поени, а потоа следат: кинеска зелка, блитва, цвекло и спанаќ.
Кога станува збор за овошјето, ЦДЦ вели дека доматите се најздрави. Ботанички гледано, се смета за овошје и постигна 20 на списокот на ЦДЦ, ставајќи го веднаш над лимонот.
Доматите се преполни со антиоксиданси, за кои е познато дека помагаат во одбраната од слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес и може да играат улога во развојот на рак, дијабетес, срцеви заболувања и други хронични состојби.
Категоризацијата на овошје и зеленчук на ЦДЦ се заснова на количеството од 17 хранливи материи во порција од 100 калории. Доматот е нискокалорично овошје, чиј хранлив профил е сличен на зеленчукот. Еден домат тежи 60 грама, содржи само 12 калории и помалку од три грама јаглехидрати. Богат е и со ликопен, кој му ја дава црвената боја.
„Конзумирањето домати може да помогне во заштитата на телото од рак и срцеви заболувања“, вели диететичарот Шери Бергер, повикувајќи се на студија објавена во 2021 година. Потоа беше откриено дека консумирањето домати и ликопен помага во спречување на коронарна артериска болест, рак на желудникот, рак на простата и цереброваскуларни болести.
Доматите се богати и со витамини А и Ц, а апсорпцијата на ликопен можете да ја зголемите со комбинирање на доматите со здрави масти, како што е маслиновото масло.
Подготвено од М.Д.