11.07.2024 Скопје
Илјадници луѓе и оваа година дојдоа на познатиот фестивал Сан Фермино во Памплона, Шпанија, а многумина од нив учествуваат и на централниот настан, контроверзната трка со бикови.
Секоја година активистите за животните-жртви протестираат за овој фестивал, но властите немаат намера да се откажат од традицијата и фиестата.
Во годинешнава трка со бикови досега се повредени осум лица, соопштија локалните власти.
Но ова не е конечната бројка, бидејќи фестивалот само што почна.
Учесниците трчаат по патека долга 875 метри, низ тесните улички на старата Памплона, пред шест бика што јурат и се одгледувани специјално за оваа трка, која традиционално се одржува од 1592 година.
Подготвено од М.Д.