31.07.2024 Скопје
Навивачката група на Вардар, Комити прогласи општа мобилизација на своите членови, повикани се сите кои сакаат да помогнат во гаснењето на пожарите кои ја зафатија Република Северна Македонија.
Собирот е во 17 часот кај Шарлота, а половина час подоцна ќе тргнат кон Свети Николе каде ќе помогнат со гаснењето на пожарите кои го зафатија овој регион.
Многу корисно би било овој пример на Комити да го следат и останатите навивачки групи, да се мобилизираат колку што е можно повеќе луѓе во борбата против оганот.
Подготвено од М.Д.