03.07.2024 Скопје
Владата го назначи Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката денеска беше потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП. Досегашен директор на ЈПДП беше Ејуп Рустеми.
Рустеми со Јавното претпријатие за државни патишта раководеше од 2020 година.
Трајановски последна јавна функција што ја извршуваше беше градоначалник на Скопје, кога во 2009 година на локалните избори го победи Трифун Костовски. Градоначалничкиот мандат во Скопје му траеше до 2017 година, кога на локалните избори загуби од Петре Шилегов.
Претходно, до 2005 година, Трајановски беше градоначалник на Општина Гази Баба.
Трајановски во 1998 година е избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2002 година е пратеник на пропорционалната листа на ВМРО-ДПМНЕ.
Мандатот го прекинува поради новата функција градоначалник на Општина Гази Баба.
Подготвено од М.Д.