Gazi-Baba_6

29.07.2024 Скопје

По повод одбележувањето на Светскиот ден на заштита на природата, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вчера на настан во Парк – шумата Гази Баба официјално го означи почетокот на кампањата „Делувај сега, за природата“.

Кампањата, како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се спровдува преку различни активности во текот на целата година и има за цел да поттикне позитивни и одговорни однесувања во природата, да го поттикне волонтерството и грижата за природата која значи живот, подобро здравје, место за релаксација и одмор, а воедно е и дом на богат животински и растителен свет.

Подготвено од М.Д.

About Author