991-ratio-silvio-berluskoni

11.07.2024 Скопје

Повеќе од 35.000 Италијанци потпишаа петиција со која ја повикуваат владата на Џорџа Мелони да го запре планот за преименување на аеродромот „Малпенса“ во Милано во „Силвио Берлускони“.

Петицијата ја покрена младинското крило на централно-левичарската Демократска партија, во која се наведува дека аеродромот треба да го носи името на „фигура која ги отелотворува вредностите на чесност, интегритет и општествено корисна работа“.

Министерот за транспорт Матео Салвини во саботата објави дека Управниот одбор на италијанската управа за цивилно воздухопловство (ENAC) го одобрил ден порано барањето поднесено од регионот Ломбардија пред една година за преименување на аеродромот „Малпенса“ во Милано во „Силвио Берлускони“.

Салвини рече дека ќе ја одобри одлуката.

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала, ја обвини управата дека подлегнала на притисокот од десничарските политичари, тврдејќи дека одлуката била донесена без консултација со SEA, компанијата која управува со аеродромите во Милано.

„Лудо е што во Италија ваква одлука носи претседателот на  управата“, изјави Сала, кој веќе го блокираше предлогот вториот аеродром во Милано „Линате“ да го носи името на Берлускони.

Вообичаено има задолжително 10-годишно чекање по смртта на некоја личност пред јавното место да може да биде именувано по него.

Подготвено од М.Д.

About Author