25.07.2024 Скопје
Имено, бурата би можела да ги „ослободи“ отровните црви (Bipalium), кои достигнуваат должина и до 30 сантиметри. Експертите предупредуваат дека не треба да ги допирате со раце.
Овој инвазивен вид го добил своето име поради карактеристичниот изглед на главата – која наликува на чекан ајкула, а се храни со полжави и дождовни црви.
Црвите потекнуваат од Азија, а неколку видови се забележани во САД, Канада и Европа.
Тие ги напаѓаат своите жртви со силен невротоксин, па затоа не треба да се допираат, ниту пак да им се дозволи на домашните миленици да им пријдат.
Преферираат темнина, влага, нечистотија, а се очекува бурата да ги „избрка“ од нивните дувла.
Експертите истакнуваат дека не можете да им наштетите дури и да ги „преполовите“.
„Ќе добиете два црви, бидејќи на задниот дел од телото ќе порасне нова глава“, вели д-р Блејк Лејтон, ентомолог од државата Мисисипи.
Чекановите црви не треба да се допираат дури и кога се мртви. Ако тоа се случи, веднаш измијте ги рацете со сапун или средство за дезинфекција. Можат да бидат и носители на паразити.
„Ефикасен начин да ги елиминирате е да ги прелиете со алкохол, оцет или сол“, велат експертите.
Подготвено од М.Д.