29.07.2024 Скопје
Христијан Мицкоски е втор најплатен премиер во Западен Балкан. Со покачувањето на платите на функционерите за 70%, повеќе плата од него зема само албанскиот премиер Еди Рама.
Премиерот на Албанија Еди Рама зема месечна плата од дури 3600 евра, додека просечната е 670 евра, што значи платен е повеќе од петпати од просекот. Тој веќе 11 години е премиер на Албанија и е водач на Социјалистичката партија на Албанија од 2005.
Бил и министер за култура и спорт, а во три последователни мандати бил и градоначалник на Тирана (2000–2011).
На второто место се наоѓа актуелниот премиер на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски кој само еден месец е премиер на државата. Деновиве Владата ги објави платите на Мицкоски, како и на министрите од неговата Влада. Мицкоски заработува по 2280 евра, месечно. Платата на министрите е 115.540 денари, односно 1.870 евра. Платата на Тошковски е повисока од платите на другите министри по Одлуката на Владата од јуни 2017-та, со која министерот за внатрешни добива посебен додаток од 20 одсто, што ги изедначува неговите примања со оние на премиерот.
Подготвено од М.Д.