22.07.2024 Скопје
Од појадок до вечера, од сендвичи до „шведска маса“, Париз 2024 ќе се потруди да ги задоволи потребите на спортистите, доброволците, гледачите и медиумите, се наведува на страницата на Олимпијадата.
Во земјата на гастрономијата и со оглед на главните климатски и еколошки предизвици во денешниот свет, тоа е оперативно-културно-еколошки предизвик кojшто сите вклучени ќе треба да го прифатат.
Организаторите имаат намера да го искористат настанот како можност да се истакнат креативноста, квалитетот, квантитетот и одржливоста околу храната на вака голем меѓународен настан.
Франција во подготовките на менито вклучи 120 организации и 200 спортисти.
Спортистите првенствено ќе се хранат во Олимпиското село, коешто ќе биде најголемиот ресторан во светот, нудејќи различни кујни за нутритивните потреби и културните навики на 15.000 спортисти од 208 држави и територии.
Ќе можат да се пробаат различни јадења од производи и намирници со потекло од француското подрачје. Заеднички именител на сите нив е здравата, гурманска и креативна храна, со повеќе опции по пристапни цени.
Подготвено од М.Д.