HAMAS

06.07.2024 Скопје

Хамас го прифати американскиот предлог за почеток на преговори за ослободување на израелските заложници, вклучително и војници и мажи, 16 дена по првата фаза од договорот чија цел е да се стави крај на војната во Газа, изјави извор од Хамас.

Милитантната исламистичка група се откажа од барањето Израел прво да се обврзе на траен прекин на огнот пред да го потпише договорот и прифати да се постигне договор за време на првата фаза од шестнеделните разговори, изјавил изворот под услов да остане анонимен, бидејќи разговорите се одржуваат во неофицијален формат.

Палестински функционер близок до мировните напори со меѓународно посредување, рече дека предлогот може да доведе до рамковен договор доколку Израел го прифати, со што ќе заврши деветмесечната војна меѓу Израел и Хамас во Газа.

Според здравствените власти во Газа, повеќе од 38.000 Палестинци досега загинале во конфликтот. Војната избувна откако Хамас изврши терористички напад врз јужен Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и зеде околу 250 заложници.

Изворот од Хамас рекол дека предлогот вклучува гаранции од посредниците за привремен прекин на огнот, испорака на помош и повлекување на израелската армија додека траат индиректните преговори за спроведување на втората фаза од договорот.

Подготвено од М.Д.

About Author