24.07.2024 Скопје
Бугарија останува земја со најнизок долг како удел во БДП во Европската унија (22,6%), потоа се Естонија(23,6%) и Ликсембург (27,2%), покаживаат тековните податоци на Евростат.
Во периодот јануари-март 2024-та година, долгот на земјата се намали за 0,5 отсто во споредба со крајот на 2023-та година.
Земјите со најголем долг на крајот од првиот квартал од 2024-та година се Грција (159,8%), Италија (137,7%), Франција (110,8%), Шпанија (108,9%), Белгија (108,2%) и Португалија (100,4%).
Во споредба со последниот квартал од 2023-та година, 20 земји-членки забележаа зголемување на долгот, а седум намалување. Најголем пораст на долгот е забележан во Словачка (4,6 процентни поени – п.п.), Естонија (4 п.п.), Белгија (3,1 п.п.). Романија (2,8 п.п.), Унгарија (2,5 п.п.) и Австрија (2,1 п.п.), додека намалување на долгот има во Грција (за 2,1 п.п.), Кипар и Холандија (1,2 п.п.), Шведска и Ирска (0,8 п.п.), Бугарија (0,5 п.п.) и Германија (0,2 п.п.).
Споредено со првиот квартал од минатата година, раст на долгот има во 12 земји, намалување е забележано во 14, а промена нема во случајот со Ирска. Најголем пораст на соодносот е забележан во Естонија (6,3 п.п.), Финска (4,2 п.п.), Полска (3,3 п.п.), Словачка (2,7 п.п.), Романија (2,2 п.п.), Литванија (2,1 п.п.) и Белгија (2,0 п.п.). ). Најголем пад е забележан во Португалија (12 п.п.), Грција (9,6 п.п.), Кипар (6,8 п.п.), Хрватска (5,3 п.п.), Холандија (2,8 п.п.), Шпанија и Германија (и двете по 2,2 п.п.).
Во Бугарија долгот е зголемен за 0,5 процентни поени на годишно ниво.
На крајот на првиот квартал од 2024-та година, односот на бруто-државниот долг на владите на еврозоната кон бруто домашниот производ (БДП) изнесуваше 88,7%, во споредба со 88,2% на крајот на четвртиот квартал од 2023-та година, соодносот се зголеми и од 81,5% на 82%, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Споредено со првиот квартал од минатата година, има намалување на односот на долгот и БДП-то и во еврозоната (од 90,1% на 88,7%) и во ЕУ (од 83% на 82%).
На крајот од првиот квартал од 2024-та година, долгот на секторот на општата влада се состоеше од 83,9% должнички хартии од вредност од еврозоната (83,4% во ЕУ), 13,6% заеми од еврозоната (14,0% во ЕУ) и 2,6% валути и депозити и во еврозоната и во ЕУ.
Поради вклученоста на владите на земјите-членки во кредитирањето на другите земји од ЕУ, се објавуваат и квартални податоци за меѓувладините заеми. На крајот на првиот квартал од 2024-та година, како процент од БДП, тој изнесува 1,4% во еврозоната и 1,2% во ЕУ.
Подготвено од М.Д.