KOEFICIENT NA INTELIGENCIJA

09.07.2024 Скопје

Според просечниот коефициент на интелигенција, македонските граѓаните се некаде во светскиот просек, на 49-то место, а во регионот пред грчките и албанските граѓани, а зад граѓанитте на поранешните југословенски републики (за Косово нема податоци), додека Словенците се рангирани на деветтото место во светот.

Рангирањето е објавено на страницата „>International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година.

Според оваа листа, Македонците имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Тоа е блиску до општиот просек којшто изнесува коефициент 100. Претходниот минатогодишен резултат за македонските граѓани бил 98,21 коефициентен поен.

Во првите 10 земји се наоѓаат: Јужна Кореја (со просечен коефициент на интелигенција од 107,54), Кина (106,99), Иран (106,84), Јапонија (106,18), Сингапур (106,18), Австрија (102,71), Канада (102,6), Германија (102,36), Словенија (102,31) и Монголија со просечен коефициент 102,3.

Од нашето поблиско опкружување, Бугарите имаат просечен коефициент 101,71, Србите – 100,66, Хрватите – 99,73, Босанците – 99,57, Црна Гора има 99,34 просечни поени, Грција е со коефициент 97,51 и Албанија има просек од 97,28 коефициентни поени.

Подготвено од М.Д.

About Author