16.07.2024 Скопје
Петнаесет лица синоќа беа изведени пред Окружниот суд во Даблин во врска со нередите што избувнаа за време на протест против изградбата на нов центар за баратели на азил. Некои демонстранти запалија палети и градежна механизација во поранешната фабрика „Crown Paints“ во северен Даблин, по што избувна голем пожар.
Работите за изградба на новиот центар на местото на поранешната фабрика требаше да започнат во текот на неделата. Ирскиот премиер Сајмон Харис ги осуди немирите.
Приведените се обвинети за прекршоци против јавниот ред и мир, вклучително и непочитување на наредбите на гардата и закана и навреда.
Петнаесетмината приведени подоцна се ослободени под услов да се држат настрана од местото на бунтот. Утрово пред судот треба да се појават уште четворица приведени. Повеќе од 200 припадници на ирската гарда пристигнале на местото на немирите.
Оштетени се три полициски автомобили, од кои едното е запалено. Неколкумина од припадниците на гардата беа повредени во судирите со демонстрантите. Налутената толпа фрлила пиротехнички средства кон нив.
Ирската министерка за правда Хелен Мекенти рече дека е „згрозена од криминалното однесување што се случи“. Таа додаде дека тие кои се вмешани во немирите ќе се соочат со строга казна.
Подготвено од М.Д.