grad-skopje-696x462

24.07.2024 Скопје

Град Скопје се подготвува за набавка на машинерија и на опрема во рамките на проектот „Re-Construct“ (Повторна употреба и управување со градежниот отпад и шутот од уривање).

За таа цел, ќе избере експерт за подготовка на тендерско досие според последната верзија на ПРАГ-правилата, за набавка на машинерија и на опрема во рамките на проектот „Re-Construct“, по јавниот повик што беше распишан.

Содржината на документите ќе биде одобрена од проектниот координатор на „Re-Construct“ и од проектните менаџери на Град Скопје и на ЈП депонија „Дрисла“ пред да започне тендерската постапка за оваа набавка.

За избор на експертот, Град Скопје ќе формира комисија што ќе изврши евалуација на пристигнатите пријави/апликации и ќе утврди дали ги исполнуваат условите пропишани со јавниот повик, во рок од 15 дена од завршувањето на рокот за аплицирање.

Инаку, Град Скопје, како координатор, во соработка со ЈП Депонија „Дрисла“, Општина Горица и Северна приморска регионална агенција ДОО – Нова Горица, е добитник на грант за надворешни акции од Европската Унија, за реализација на активностите што произлегуваат од проектот „Re-Construct“.

Подготвено од М.Д.

About Author