03.07.2024 Скопје

Град Скопје информира дека утре, на 4 јули, ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.

Авионското прскање ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција, односно земјеното прскање ќе се реализира во текот на утрешниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Од Градот ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *