GJOKOVIK

30.07.2024 Скопје

Новак Ѓоковиќ со 2-0 (6-1, 5-4) го победи Рафаел Надал и се пласираше во осминафиналето на Олимписките игри во Париз.

На Олимписките игри во Париз се одржа можеби последната мегапресметка меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Српскиот тенисер го покажа тоа што на сите им беше јасно, дека е во подобра форма од Шпанецот.

Малку фалеше првиот сет да го добие со нула, но при 5-0 Рафаел Надал доби еден гејм, па Ѓоковиќ го доби сетот со 6-1.

Во вториот сет шпанскиот тениски ас играше многу подобро, се бореше порамноправно, беше 4-4 кога Србинот освои два последователни гема и дојде до триумф од 6-4.

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот меѓу Копфер и Арналди.

Подготвено од М.Д.

About Author