glavcev

11.07.2024 Скопје

Техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев на НАТО Самитот рече дека разговарал со премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски со кого се на исто мислење дека треба да се намалат тензиите, и да се нормализираат односите.

„ Јас со него (Христијан Мицкоски) најмногу разговарав, говоревме дека треба да се намали тензијата во реториката. Зад мене е, така да ќе го слушнете и него што ќе каже. Направивме слика, ќе ја пуштиме. Говоревме, на исто мислење сме дека треба да се намалат тензиите во реториката, затоа што знаете вообичаено меѓу граѓаните, меѓу народите, на две соседни земји нема тензии и политичарите ако не помагаат да се развиваат односите, не треба да пречат, тоа е моте сфаќање во принцип. Најдобро е да помагаат. Вчера зборувавме да се нормализираат односите и да се вратат на ниво од 2017-та кога беше потпишан Договорот за добрососедство“, вели Главчев.

Тој додава дека нема ништо поубаво и подобро од добри односи со соседите.

„ И двајцата истото го мислиме, но ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо подобро од убави и добри односи меѓу соседи, за нас може да се каже и дека сме повеќе од соседи со Северна Македонија. Треба да се развие економијата, како и сите други аспекти“, вели Главчев.

Подготвено од М.Д.

About Author