germanska policija

03.07.2024 Скопје

Вишиот управен суд во Порајње-Фалачка ја одби жалбата на полицаецот, што значи дека неговата претходна осуда останува во сила.

Полицаецот работел во сообраќајната полиција и требало да го обезбеди местото на несреќата, соопшти судот.

Тој со полициско возило се упатил до оштетениот камионски контејнер и побарал од вработената во фирмата за расчистување на патот по сообраќајната несреќа да му предаде неколку пакувања сирење.

Тој украл вкупно девет пакувања сирење, секое тешко по 20 килограми, во вредност од 554 евра.

„Пријавениот дел од пакетите ги донел во канцеларијата“, стои во соопштението. Може да се претпостави дека чувал нешто за себе и за своите пријатели и роднини.

Во пријавата, полицаецот изјавил дека сирењето практично не вредело ништо и дека сакал да го спаси од уништување.

Судот зазеде поинаков став, а во него пишува дека мажот извршил кривично дело кражба додека бил на должност.

„Со ваквото однесување обвинетиот во голема мера го нарушил угледот на полицијата во државата“, велат од судот.

Судот додаде дека не е важно дали сирењето имало мала вредност, истакнувајќи дека должност на полицаецот е да спречи кражба.

Подготвено од М.Д.

About Author