31.07.2024 Скопје
Американски весник смета дека Германија „не може да излезе од економското мочуриште“ во кое се најде во последните две години.
Како што е наведено во написот на Маркус Ешворт, експерт за европските пазари, практично нема сигнали за потенцијално закрепнување од кризата.
Во Германија има пад на деловната клима и невиден пад на индустриското производство во земјава.
Весникот посочува дека индустриските сектори како фармацевтската и автомобилската индустрија „страдаат“ долго време, бидејќи евтините руски суровини повеќе не се достапни.
Според аналитичарите, актуелната ситуација во германската економија предизвикува сериозна загриженост кај Европската централна банка, каде официјалните лица не гледаат начин да се реши проблемот.
Ешворт гледа знаци на економски раст само во Шпанија, Португалија и Грција.
Подготвено од М.Д.