pari 2

18.07.2024 Скопје

Според нацрт-буџетот одобрен од владата, Германија планира речиси да ја преполови воената помош за Украина следната година, од околу 8 милијарди евра на околу 4 милијарди евра.

Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека финансирањето на Украина е „безбедно за догледна иднина“ поради планот на Г7 (седумте најмоќни економии во светот) да собере 50 милијарди долари од каматите на замрзнатите руски средства.

Германија е вториот најголем воен донатор на Украина, по САД. Во 2024 година германскиот буџет за Киев изнесува речиси 7,5 милијарди евра.

Планираното намалување на помошта доаѓа поради стравувањата во Украина и меѓу нејзините европски сојузници дека американското финансирање би можело да се намали или дури и да престане доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во ноември. Рускиот претседател Владимир Путин започна целосна војна против Украина во февруари 2022 година.

Помалку за украинската одбрана, повеќе за Германија
Нацрт-буџетот беше одобрен од германската влада во средата. Иако е предвидено намалување на воената помош за Украина, буџетот за одбрана за 2025 година ќе се зголеми за 1,3 милијарди евра на 53,25 милијарди евра.
Ова е сè уште помалку од 6 милијарди евра што ги побара министерот за одбрана Борис Писториус, но Германија сепак планира да ја исполни целта од 2% од БДП за одбраната како што бара НАТО алијансата.

Буџетот за одбраната допрва треба да го одобрат пратениците.

Подготвено од М.Д.

About Author