germanija zname

24.07.2024 Скопје

Предлогот за даночни олеснувања е составен дел од иницијативата со која Берлин сака да го стимулира економскиот раст и да помогне во решавањето на проблемот со хроничниот недостиг со привлекување висококвалификувани работници од странство.

Владата во првите три години би им го простила данокот на 30, 20 и 10 отсто од бруто-платата, со дефиниран праг или плафон.

Владата со овој предлог „праќа погрешен политички сигнал“ и веројатно ќе внесе немир меѓу работниците, изјави првиот човек на германското здружение на работодавачи.

Берлин би можел да привлече и странски работници со даночни олеснувања за сите работници во Германија, нагласи Дулгер.

Министерот за финансии Кристијан Линднер од либералната партија ФДП, пријателска на бизнисот, рече дека олеснувањето ќе им биде понудено на менаџерите на највисоките нивоа на владата кои ќе добијат „даночен бонус за вработување“.

Линднер потврди дека владата ја забележала воздржаноста на работодавачите кон предложените олеснувања.

„Затоа прво ќе разговараме. Нема да воведуваме ништо што работодавачите активно нема да го користат“, нагласи министерот за финансии.

Трговците од секторот веќе го критикуваа владиниот предлог.

Подготвено од М.Д.

About Author