29.07.2024 Скопје
Министрите за финансии на 20-те водечки светски економии не успеаја да се договорат за глобален данок за милијардерите, но ветија дека ќе воведат прогресивни даноци за супербогатите.
На состанокот во Рио де Жанеиро, министрите рекоа дека ќе започнат „дијалог за правично и прогресивно оданочување, вклучително и за поединци со ултра висока нето вредност“, се вели во текстот на заедничкото коминике.
Коминикето ќе биде објавено подоцна во петок и нема да содржи изјава за поддршка за данок од 2% за 3.000 најбогати милијардери во светот, како што се надеваше Бразил, кој моментално претседава со Г20.
Францускиот економист Габриел Зукман, консултант на Г-20 за даночни прашања, тврди дека давачката ќе собере околу 250 милијарди долари на глобално ниво годишно.
За време на разговорите во четвртокот, стана очигледно дека некои влади на Г-20 нема да поддржат таков потег.
Германија им се придружи на САД во спротивставувањето на давачката, додека Франција, Шпанија, Јужна Африка, Колумбија и Африканската унија го поддржаа бразилскиот предлог.
Подготвено од М.Д.