02.07.2024 Скопје

По серијата заминувања од Струмица, клубот го промовира Џибрил Дианеси кој доаѓа во ПМФЛ по настапи во Белгија, Холандија и Франција. 28-годишникот игра на позицијата напаѓач и десно крило, тој пристигнува од редовите на Ла Лувиер.

Кариерата на Дианеси тргна преку Тулуз. Тој потекнува од Мали, меѓутоа во францускиот клуб настапуваше уште од младинските категории и заигра за Б тимот. Следеа трансфери во Фортуна Ситард и Мастрихт во Холандија, играше за Пау од Франција, како и за Калју во Естонија.

Последниот ангажман му беше во белгиската втора лига за екипата на Ла Лувиер.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *