MICKOVSKI

30.07.2024 Скопје

Данокот на добивка за фирмите кои најмногу заработуваат да биде преполовен. Овој предлог го обелодени премиерот Христијан Мицкоски откако се сретна со претставниците на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.

Наместо 10 проценти како до сега, нивната добивка ќе биде оданочена со најмногу 5 проценти, најави Мискоски.

Според Мицкоски, намалувањето ќе биде наменето за сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат во Република Северна Македонија, а таа добивка изнесува 50 милиони евра. Според него, со ваквиот приод во буџетот ќе се влеат повеќе средства отколку што е тоа сега случај.

„Овие мултинационални компании кои што планираат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас и таа добивка изнесува над 50 милиони евра, ќе добијат, би рекол, субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5 %. Ако сега е фиксно до 10 %, во овој случај ќе биде до 5 %. Затоа ги повикувам сите македонски компании кои што соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот тука“, рече Мицкоски.

Сепак тој рече дека прво ќе ја гледа буџетската сметка и приходите, па дури потоа Владата ќе одлучува дали ќе ги намали даноците. Данокот на добивка ќе биде прв кој ќе биде намален.

Инаку лани добивка од над 50 милиони евра имале само пет компании. Меѓу нив е и Јавното претпријатие за државни патишта.

Подготвено од М.Д.

About Author