17.07.2024 Скопје
Финскиот претседател Александар Стуб го потпиша таканаречениот закон за протерување бегалци, кој ќе стапи на сила на 22 јули, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Стуб на Инстаграм напиша дека чинот е од витално значење за националната безбедност, како и дека ги разбира тензиите поврзани со тој закон.
Законот за итни овластувања, кој ќе важи една година, ќе им овозможи на финските гранични власти да одбијат да прифатат барања за азил под одредени околности.
Подготвено од М.Д.