kovid 19 vakcina

18.07.2024 Скопје

Во средата, Судот на Европската унија пресуди дека Европската комисија (ЕК) не била доволно транспарентна во однос на набавката на вакцини против Ковид-19.

Европратениците и граѓаните, повикувајќи се на законите за слободата на информирање, побараа од Комисијата да ги објави договорите за набавка на вакцини, но извршното тело на ЕУ објави само цензурирана верзија, што предизвика судски спор.

Пресудата на судот во Луксембург е удар за претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, чии постапки при набавката на вакцините се пред очите на јавноста, особено поради одбивањето на Комисијата да ги објави пораките што таа ги разменила со шефот на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Уништени се најмалку 215 милиони дози од вакцината против Ковид-19 за европските граѓани, што ги чини даночните обврзници најмалку четири милијарди евра. Овој медиум предупредува дека веројатно оваа бројка е потценета.

Од почетокот на пандемијата на крајот на 2020 година, ЕУ нарачала околу 1,5 милијарди дози вакцини, околу три за секој европски граѓанин.

Во август 2021 година, Фајзер ја зголеми цената на својата вакцина за една четвртина поради пандемијата.

Фон дер Лајен треба да ја добие поддршката од мнозинството членови на Европскиот парламент во четврток за да остане на чело на Европската комисија по истекот на нејзиниот сегашен мандат подоцна оваа година.

Генералниот суд на ЕУ во средата, во два одвоени случаи кои не се директно поврзани со преписката меѓу претседателот на ЕК и шефот на Фајзер, пресуди дека Комисијата не дала соодветна причина за цензурирање на делови од договорот.

На пример, деловите од договорот што се однесуваат на обештетувањето на фармацевтските компании во случај на неисправни вакцини се „затемнети“. Комисијата сега има рок од два месеци и десет дена да поднесе жалба на одлуката.

Подготвено од М.Д.

About Author