VESTACKO GJUBRIVO

03.07.2024 Скопје

Европа, прекинувајќи го увозот на рускиот гас, била принудена да го намали производството на ѓубриво, а потоа станала зависна од увозот на оваа сировина од Русија.

Европските фармери повторно имаат пристап до ѓубриво, „поради приливот на евтин увоз од Русија“, но незадоволни се европските произведувачи, кои стравуваат дека „руските дампинг цени можат да го уништат локалното производство и да го направат земјоделството на Европската Унија трајно зависно од ѓубривото од Русија“.

Тоа, како што предупредуваат, ја доведува во опасност „безбедноста на храната во ЕУ“.

„Во моментов сме преплавени со ѓубрива од Русија, кои се значително поевтини од нашите ѓубрива, од проста причина што природниот гас кај нив е далеку поповолен, отколку за нашите европски произведувачи. Ако политичарите не реагираат, нашите европски капацитети ќе исчезнат“, вели Петр Цингр, извршниот директор на Стикстофверк пистерик, најголемиот германски произведувач на амонијак.

Според европските статистики, речиси третина од ѓубривото кое се користи во Европа сега доаѓа од Русија.

„Евтините испораки од Русија ги поткопуваат напорите повторно да се создадат капацитети во ЕУ. Германски БАСФ, на пример, го намали производството во Европа и го сели во САД и Кина, а компанијата на Цингр ќе тргне по истиот пат“.

А без производство во Европа, Западот ќе биде целосно зависен од увоз од други држави, како Русија и Белорусија.

„Со такво влијание врз европското производство на храна, никој не знае што ќе направи (рускиот претседател Владимир) Путин“, вели Цингр.

ЕУ не го санкционираше извозот на ѓубриво од Русија, а малку е веројатно дека во иднина ќе го направи тоа.

Подготвено од М.Д.

About Author