16.07.2024 Скопје

Самитот на НАТО во Вашингтон ги натера европските сојузници на Северноатлантската алијанса конечно да сфатат дека повеќе не можат да се потпираат на Соединетите Држави за да ја обезбедат сопствената безбедност. Европа почнува да се помирува со фактот дека тоа не зависи од исходот на претседателските избори во ноември.

Земјите на НАТО во Европа долго време мислеа дека повеќе би го сакале слабиот Џо Бајден отколку непредвидливиот Доналд Трамп.

Но, сега се помируваат со фактот дека, без разлика кој ќе победи на изборите во ноември, приоритетите на САД се повеќе и повеќе ќе се оддалечуваат од Северноатлантската алијанса.

Изборната трка во САД им покажа на сојузниците дека повеќе не можат да се потпираат на Вашингтон за својата безбедност, без оглед на тоа кој ќе излезе како победник.

Експертите веруваат дека разликата може да биде само во тоа како се спроведува намалувањето на соработката во областа на одбраната: за време на Бајден тоа би било постепено, за време на Трамп би било подеструктивно, наведува американската агенција.

Кина стана поистакната во дискусиите на европските претставници со американските креатори на политики и истражувачки центри. Така, на самитот во Вашингтон, лидерите на алијансата дадоа најостри изјави против Пекинг.

Тие ја обвинија Кина дека е „движечка сила“ на конфликтот во Украина, откако американските власти ги информираа сојузниците за обемот на кинеската помош за Русија.

Во исто време, самитот означи пресвртница за Европа, бидејќи доведе до сознание дека таа ќе мора да ги зголеми своите одбранбени способности без оглед на тоа кој ќе стане претседател на САД. За европскиот континент тоа се должи пред сè на политичката нестабилност во САД.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *