EVAKUACIJA VERSAJ

05.07.2024 Скопје

Евакуирана е познатата француска палата Версај, пред неа се забележани тешко вооружени специјалци.

Во официјалното соопштение се вели луѓето да ја избегнуваат областа, велејќи дека е во тек „интервенција“ и безбедносните сили се на местото на настанот.

„Во тек е интервенција во Версајската палата. Безбедносните сили се на терен. Избегнувајте ја областа и следете ги упатствата на властите. Не пренесувајте лажни информации“, се вели во официјалното известување на француските власти.

Како што потврди полициски извор, полициската акција не е поврзана со тероризам.

Истиот весник пренесува неофицијални информации дека дошло до физичка пресметка меѓу двајца улични продавачи, едниот од нив е забележан како бега со нож во рака по пресметката.

Сведоците на социјалните мрежи јавуваат дека чекале во ред за да влезат, зградата потоа била евакуирана, набрзо пристигнале и специјални полициски единици.

Версај е една од главните туристички атракции во Франција. Се наоѓа на околу 20 километри западно од центарот на Париз и годишно го посетуваат околу 15 милиони туристи. Летово во Париз се одржуваат Олимписките игри, а безбедносните мерки се на исклучително високо ниво.

Подготвено од М.Д.

About Author