EU PARI EVRA

08.07.2024 Скопје

Европската унија размислува да воведе царини за евтини стоки купени преку кинески онлајн платформи како што се Тему, Шејн и АлиЕкспрес.

Според сегашните регулативи на ЕУ, пакетите купени преку Интернет од земји кои не се членки на ЕУ не подлежат на царина ако нивната вредност е под 150 евра, а Европската комисија (ЕК) ќе предложи укинување на тој праг подоцна овој месец, велат изворите.

Европската комисија посочи дека минатата година во ЕУ од странство пристигнале две милијарди пакети вредни помалку од 150 евра и додаде дека овој обем на онлајн трговија ги тестира границите и можностите на царината.

ЕУ разговараше за укинување на ограничувањата како дел од проектот за реформа на тарифите предложен од Комисијата во мај 2023 година, но сега може да се обиде да го забрза неговото усвојување за да се спротивстави на поплавата од евтин увоз.

Критичарите на кинеските платформи Тему и Шејн во САД тврдат дека овие фирми ги користат даночните ослободувања за да ја поткопаат конкуренцијата и да избегнат царини.

Подготвено од М.Д.

About Author