peter sijarto 2

24.07.2024 Скопје

Доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп добие нов мандат во Белата куќа во ноември, постојат големи шанси тој да воспостави мир во светот, вклучително и во Европа, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој посочи дека меѓу новите случувања во американската изборна трка најважно е што Трамп е „светилник на надеж за мир во светот“.

Тој оцени дека војната на руско-украинскиот фронт е „сè побрутална“ и дека само надворешен актер може да ги доведе завојуваните страни на преговарачка маса, давајќи им до знаење дека „не може да се најде решение на бојното поле.

Подготвено од М.Д.

About Author