ima-samo-2-godini-a-prodava-sliki-za-7-000-evra-detence-od-germanija-go-sporeduvaat-so-pikaso-01

19.07.2024 Скопје

Лоран создава ремек-дела на само 2 години. Не сака да излезе од студиото за сликање, а за една слика добил и понуда од скоро 140.000 евра.

Двегодишно момче од Германија го добило прекарот „малиот Пикасо“ откако некои негови слики биле продадени за околу 7.000 долари (околу 6.550 евра).

Лоран Шварц од Баварија направил портфолио од апстрактни слики на слонови, диносауруси, коњи и слично.

Неговата мајка Лиза Шварц (32), изјави дека неговата слика „Луѓе“ моментално ја бараат 3.000 обожаватели.

Лиза го забележала дека нејзиниот син има дарба за сликање додека семејството било на одмор во Јужен Тирол, Италија во септември 2023 година.

Лиза му направила и фан страна Инстаграм каде ги објавува неговите деца.

Страната за брзо време собрала речиси 30.000 следбеници.

Потоа, Лиза ставила на продажба некои од сликите, каде неговите дела биле забележани дури и од љубителите на уметноста од Велика Британија и Бахамите.

Семејство ги контактирала и њујоршка галерија која барала некои слики од Лоран.

Лиза вели дека на семејството ќе му биде тешко да се раздели со сликата наречена „Прсти“, иако за неа добиле понуда од 148.000 долари (околу 136.360 евра), додека сликата „Луѓе“ добила понуда од најмалку 67.000 долари (околу 61.730 евра).

Медиумите наведуваат дека приватните изложби на Лоран ќе се одржат во август во неговото родно село Нојберн, а средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат депонирани на банкарска сметка на „малиот Пикасо“ и ќе му бидат достапни кога ќе стане полнолетен.

Подготвено од М.Д.

About Author