23.07.2024 Скопје
Време е Соединетите Американски Држави да испратат астронаути на Марс, изјави американскиот претприемач и моментално најбогат човек на светот, Илон Маск, на својата социјална мрежа Икс (Твитер).
Маск зборуваше по повод годишнината од слетувањето на вселенската мисија Аполо 11 на Месечината и додаде дека Америка сега „треба да достигне многу поголеми височини секој што сака да стане вселенски патник и да помогне во изградбата на нова цивилизација на Марс“.
Секој што сака да стане вселенски патник и да помогне во изградбата на нова цивилизација на Марс треба да му биде дозволено да го стори тоа. Тоа е инспиративна иднина“, додаде Маск.
Американскиот милијардер, меѓу другото, е и сопственик на компанијата SpaceX, која го разви вселенскиот систем Starship за транспорт на луѓе и стоки до орбитата на земјата и Марс.
Јадрото на системот е возило за лансирање за повеќекратна употреба, според веб-страницата на компанијата Маск во 2023 година рекол дека првиот лет на „Starship“ до Марс може да се случи за три до четири години.
Подготвено од М.Д.