image (11)

23.07.2024 Скопје

Николај Денков од Продолжуваме со промената вендаш ја врати папката со вториот мандат на претседателот Румен Радев, А Процедурата траеше неколку секунди.

„Формирањето мнозинство во ова Народно собрание се покажа како невозможно. Очекувам дека ќе добиеме посилна поддршка од јавноста“, му порачал Денков на шефот на државата.

Според одредбите од бугарскиот устав, по враќањето на овој мандат за формирање влада, претседателот на државата во рок од седум дена ѝ наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер.

Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет.

Претходно Радев му го врачи мандатот за состав на нова влада на мандатарот Росен Желјасков од коалицијата ГЕРБ-СДС, која освои најмногу гласови на последните предвремени парламентарни избори.

Подготвено од М.Д.

About Author