LUT CIPS

18.07.2024 Скопје

Во училиштето била повикана полиција и брза помош, а децата се пожалиле на болки во устата, гадење и несвестица.

Еден од учениците донел чипс на училиште и го поделил со пријателите, а набрзо почнале проблемите.

Подоцна изјавил дека и претходно консумирал чипс, но никогаш немал никакви проблеми. 13 девојчиња и едно момче завршиле во болница.

На кесата има предупредување дека производот не се препорачува за лица помлади од 18 години, како и за луѓе кои страдаат од висок крвен притисок или имаат слаб стомак.

Дополнително, на потрошувачите им се препорачува да не консумираат чипс сами, бидејќи тоа може да предизвика дијареа, ниту да го допираат доколку имаат исеченици на рацете.

Компанијата, со седиште североисточно од Токио, по инцидентот објави дека „им посакува брзо закрепнување на учениците кои завршија во болница“.

Нивните чипсови се зачинети со пиперки кои се одгледуваат во североисточна Индија и се меѓу најлутите во светот.

Подготвено од М.Д.

About Author