15.07.2024 Скопје
Кроација рекордс го издаде деби албумот „Sunday vibes“ на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ. Албумот содржи десет песни, од кои две се објавени како синглови „Балада за една љубов“ и „Друмови“.
Иван Кукиќ е авторот кој стои зад најголемиот дел од материјалот на албумот. Песната „Пружам руке две“ ја отпеа со Дадо Топиќ, „Sunday vibes“ со Влатко Стефановски, „Life of Jupiter“ со групата Јупитер, „Music philosophy“ со Теодосиј Спасов, „Зрно наде“ со Сакис Доволис, а интересниот сингл „Балкан фанк“ е создаден со Џамбо Агушев и Јан Стефановски.
Иван студира музичка продукција и дизајн на звук, а свири на дури шест инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти, компонира, аранжира и пее. Иако е многу млад, овој љубител на музиката често настапува низ регионот, а беше и дел од неколку меѓународни натпревари.
Подготвено од М.Д.