gordana-dimitreiska-kocoska-696x509-1

18.07.2024 Скопје

На барањето на Сојузот на синдикати на Република Северна Македонија (ССРСМ) Владата во првите сто дена да ги прими на разговор и да ја зголеми минималната плата на 450 евра, министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска одговори со барање за дополнителни анализи. Токму поради ова барање на синдикатите вели дека ги задолжила сите јавни институции да направат вонредни ревизии од ќе зависи што ќе се прави со минималната плата.

„Затоа побараме функционална анализа во делот на јавната администрација. Ги задолживме институциите секој да достави функционална анализа, прво да видиме што се случува таму, паралелно со тоа ќе се види што ќе се прави со минималната плата. Требаше да има корекција на платата на администрацијата и таа е предвидена во буџетот. Знаете дека законски имаат право на корекција и таа корекција во законот вели ако е над 3 % инфлацијата разликата меѓу она што било реална инфлација и тие над три проценти им се додава, чинам беше некаде 0,7 % зголемување на платите согласно законот за јавниот сектор“, рече министерката Димитриевска-Кочоска денес, образложувајќи го ребалансот на буџетот.

Со заклучок на Влада, сите јавни институции се задолжени да преземат итни активности во рамки на своите институции, единки и корисници во насока на спроведување на вонредни ревизии за утврдување на наменското трошење на финансиските средства на Буџетот,ж и најдоцна во рок од 30 дена до Владата да достават повратна информација. Освен тоа јавните институции се задолжени при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства и да не преземаат обврски за кои немаат обезбедено средства во буџетот за тековната година и утврдените максимални износи на расходи на среден рок.

Подготвено од М.Д.

About Author