TRAMP

30.07.2024 Скопје

„Јас сум многу отворен ум, но мислев дека тоа што го направија е срамота“, изјави Трамп.

Неговите коментари уследија по осудата од католичките групи и француските бискупи за сцената на церемонијата во која учествуваа танчери, драг кралици и диџеј во пози што се чини дека потсетуваат на приказите на Тајната вечера, иако креаторите рекоа дека таа не била наменета да го претставува религиозниот амбиент, јавија американски медиуми. Секвенцата наиде на меѓународна критика од христијанските групи и екстремно десничарските политичари на социјалните мрежи.

На прашањето на водителката што би направил доколку биде реизбран за претседател навреме за Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, Трамп одговори: „Нема да имаме ‘Тајна вечера’ прикажана на начинот на кој тие ја прикажаа“.

Подготвено од М.Д.

About Author