11.07.2024 Скопје
Водата од неодамна им се придружи на златото, нафтата и на другите ресурси и минерали со кои се тргува на берзата во САД. Аналитичарите во светот пишуваат дека токму со овој чин се покажува колку водата како ресурс е вреден, дека ќе нараснува нејзината вредност и всушност колку како ресурс е ограничени.
На оваа тема се пишува дека малопродажните инвеститори најверојатно ќе се чувствуваат најудобно со инвестициите во питка вода со кои се тргува на берзите, без разлика дали се тоа индивидуални акции, фондови со кои се тргува преку берза или заеднички фондови.
Еден магазин пак, информира дека од пред извесно време земјоделците и инвестициските фондови веќе тргуваат поради страв од потенцијален недостиг од вода, откако на берзата се објавија информации од калифорнискиот пазар за вода вредни 1,1 милијарда долари.
Според медиумот, додека инвеститорите тврдат дека тоа е добар механизам за унапредување на ефикасноста на потрошувачката на водата, аналитичарите велат дека со тоа отвораат можност за вештачко кревање на цената на водата, особено кога во САД годинава се очекува во септември земјата да биде зафатена со топлотни бранови и пожари по западниот брег.
Две третини од светот се покриени со вода, односно има над една милијарда трилиони литри вода. Поголемиот дел од водата на земјата е солена вода и затоа не е погодна за консумирање. Во анализа на оваа тема, се информира дека само 2,5 отсто од водата е слатка вода. Дополнително, според медиумот, од овие 2,5 проценти повеќе од две третини се замрзнати на половите и во глечерите.
Медиумот потсетува дека според една студија од 2016 година, која ја направил Универзитетот во Твенте во Холандија, четири милијарди луѓе би можеле да се соочат со сериозен недостиг на вода во период од најмалку еден месец секоја година.
Подготвено од М.Д.