10.07.2024 Скопје
Вршителот на должноста министер за економија на Бугарија, Петко Николов, оценил дека оваа загуба може да се интензивира, што значи дека секое последователно одложување на целосниот прием во шенген-зоната ќе предизвика поголеми загуби и за бугарската и за европската економија.
Тој рече дека пристапувањето на Бугарија во копнените граници на шенген ќе доведе до заштеда на јаглерод од транспортот во вредност од 3,75 милиони евра.
Николов оцени дека целосниот прием на Бугарија во Шенген зоната претставува „клучен момент за европската интеграција“, нагласувајќи дека укинувањето на контролите на копнените граници ќе доведе до заштеди од емисиите на јаглерод од транспортот во вредност од 3,75 милиони евра. Според Николов, целосното приклучувањето на земјата кон Шенген зоната ќе ги намали и гужвите на бугарските граници со Романија и Грција и ќе придонесе за зголемување на обемот на трговијата, намалување на трошоците за извозниците, скратување на времето на патување и на испорака, како и поедноставување на административните проверки, што ќе резултира со поголем потенцијал за развој на пограничните области и за помали штетни ефекти по животната средина од камионите кои чекаат на граничните премини.
Николов додаде и дека Софија го оценува како „исклучително позитивен“ фактот што меѓу приоритетите на претседавањето на Унгарија со ЕУ, во втората половина на оваа година, е и полноправното членство на земјата во Шенген зоната.
„ Високо ја цениме поддршката на Унгарија за брзо, побрзо и би рекол спасоносно пристапување на Бугарија и Романија во Шенген зоната и се надевам дека до крајот на годината тоа ќе стане реалност“, рече Николов.
Меѓутоа, бугарски европратеник Илхан Ќучук смета дека Бугарија најверојатно нема да стане полноправна членка на Шенген во текот на оваа година, имајќи ги предвид парламентарните избори во Австрија закажани за 29 септември.
Подготвено од М.Д.