25.07.2024 Скопје
Секогаш кога препорачуваме уставни измени, тоа се должи на постојаните проблеми во соодветната земја, рекла вчера потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, на прес-конференција по повод презентацијата на годишниот извештај на ЕУ за владеење на правото.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, во оценката за Бугарија, Комисијата има во предвид усвоени измени во основниот закон.
„Земјите од ЕУ сами одлучуваат што да променат во нивните устави. Во Бугарија забележуваме прилично нестабилна ситуација, затоа повикавме да се размислува за промена на Уставот“, додала Јурова.
Потпретседателката на ЕК истакнала дека извештајот содржи над 1.000 страници и за прв пат вклучува оценки за Албанија, Србија, Република Северна Македонија и Црна Гора, кои се залагаат за влез во ЕУ.
Извештајот во иднина ќе опфаќа се повеќе земји и повеќе ќе биде поврзан со економијата и работата со европскиот буџет, додала европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс. Според него, извештајот не е ниту оптимистички ниту песимистички, туку ја зема предвид волјата во многу земји од ЕУ за подобрување на владеењето на правото.
„На некои места забележуваме постојани проблеми, затоа имаме кривични постапки и можности да вршиме притисок преку европскиот буџет“, додал тој.
Подготвено од М.Д.