bookingcom-logo-big-300x182

31.07.2024 Скопје

Платформата за резервации, Booking.com, се соочува со казна од околу 413 милиони евра од шпанскиот орган за заштита на конкуренција (CNMC) поради злоупотреба на својата доминантна позиција на шпанскиот пазар. Спорот се фокусира на наметнување нефер деловни услови и прекршување на конкуренцијата против ривалските провајдери. Ова е највисоката парична казна што некогаш била изречена од CNMC. Booking.com најави жалба.

Шпанските власти соопштија дека Booking.com им наметнала серија „нефер деловни услови“ на шпанските хотели во последните пет години. Компанијата, наводно, со тоа им наштетила на хотелите и исто така користела механизми на својата платформа за резервации за да го попречи влезот или растот на други даватели на онлајн туристички услуги.

Казната е составена од два дела: по 206,6 милиони евра за нелојални деловни услови и за прекршување на конкуренцијата кон ривалските провајдери. „Силно не се согласуваме со исходот од истрагата на CNMC и имаме намера да ја обжалиме оваа одлука без преседан“, наведе Booking.com.

Компанијата работи во високо конкурентен сектор и индустрија која нуди висок степен на избор и за компаниите и за потрошувачите. Нуди програми за поддршка во кои партнерите можат да изберат да учествуваат, изјавија од компанијата и додаваат дека одлуката на шпанското тело за заштита на конкуренцијата не ги земало предвид овие фактори.

Соодветниот форум за решавање и оценување на повеќето од овие прашања е Законот за дигитални пазари на ЕУ (DMA), бидејќи дава можност да се „достигнат решенија кои важат подеднакво низ Европа“, објасни Booking.com. Платформата е лидер на пазарот во Европа за онлајн резервации за патувања со пазарен удел од 60%. ЕУ ја додаде компанијата на својата листа на значајни дигитални компании кои подлежат на DMA во мај.

Booking.com ја оспорува казната од 413 милиони евра наметната од шпанската управа за конкуренција поради наводните казни за нефер деловни практики.

Подготвено од М.Д.

About Author