BOBINKI

25.07.2024 Скопје

Бобинките се богати со хранливи материи кои се корисни за здравјето на нашето срце.

Кардиолог истакнува дека бобинките се богати со антиоксиданси како што се антоцијани, елагична киселина и ресвератрол, кои помагаат во намалувањето на оксидативниот стрес и воспалението, потенцијално намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања.

Антиоксидансите во бобинките можат да помогнат во намалувањето на воспалението со неутрализирање на штетните слободни радикали и заштита на клетките од оштетување. Тоа се слободни радикали кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Кога станува збор за дневната количина на конзумирање на бобинки, кардиолозите се согласиле дека не треба да претерувате, туку препорачуваат да се консумираат најмалку три пати неделно.

Иако сите видови бобинки се многу здрави, кардиолозите ги издвоија капините како најдобра опција, бидејќи тие имаат најголема содржина на влакна и антиоксиданси.

Капината со причина е наречена „природен аспирин“, бидејќи е богата со салицилна киселина. Покрај тоа што успешно го спречува создавањето на згрутчување на крвта, оваа киселина се користи и за ублажување на болки, намалување на температурите и има антиинфламаторно дејство, па затоа капината е секогаш подобар избор од лековите.

На пример, кога ќе се појави главоболка, можете да си помогнете со јадење капини. Ова овошје го штити и видот и го зајакнува имунолошкиот систем.

Капините се и моќен антиоксиданс, па го намалуваат создавањето на лошиот (ЛДЛ) холестерол, го зајакнуваат организмот, помагаат во зачувување на колагенот и нежно ги прочистуваат цревата. Со оглед на тоа што содржи бетаин, свежиот сок од капини го промовира правилното функционирање на клетките на црниот дроб и го штити, а во исто време благотворно делува на жолчното кесе и ги чисти жолчните канали.

Како втор најдобар избор ги издвои боровинките кои на многумина им се омилени бобинки. Боровинките се одличен избор поради високите нивоа на антиоксиданси и нивниот потенцијал да го подобрат здравјето на срцето со намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол.

Подготвено од М.Д.

About Author