radev-mitskoski

19.07.2024 Скопје

За време на разговорите со премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, Румен Радев, бугарскиот претседател изразил надеж дека Република Северна Македонија ќе го забрза спроведувањето на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и договорите кои земјата ги има со Европската Унија, со што ќе се отвори перспективата за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ, пренесуваат бугарските медиуми детали од вчерашната средба на Мицкоски со Радев на самитот на Европската политичка заедница што вчера се одржува во Обединетото Кралство.

Според бугарските медиуми, Радев имал и средба со албанскиот премиер Еди Рама, на кого му честитал за успешно спроведениот попис, кој им дал шанса на Бугарите во Албанија слободно да ја искажат својата припадност.

Во своето видео обраќање Мицкоски изјави дека главен приоритет на Република Северна Македонија и на новата македонска Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед.

Подготвено од М.Д.

About Author