https://www.facebook.com/MKAUSPRIDE/photos/basw.Abo-B9SR7sKXUAhzrmk3Dn4mxgKDQ07ucGcq95kzULB9bDIDRiqKTNfwxMQxiYKYGOBlqz2bER5r9jyNXM6HtNriD6QUfHCvGCFLVI4Mey5mLRxARwTPkBD7ahDpiNe0dt7aH0lHit-hC4FYSXWlhMR23SuDldAfynhtnbrw9tS94w_2SpEmbb7fRQEtACFDlUM/2027430383994947/?opaqueCursor=AbrgbgmRnLYOnC5hbBEjj-nTVAWYj-ht0HZPk8w5-HK2oXOiAum6n5ALOqN1LSK5JnQh4T3gyoJdMIx3bRzscqGUYV5jUYyZaq1RhcE_O0N-lLpGaLCLQZa5XMpRPKC1sjUuaVUQMK9PQKVb1AlEX-0nsFaA0LKULTdnzp50GB6TVxFvkvG6eaV_LTo7tQ9yW0AWjuCtgnqcGLtVoPwOaT3jOMzqg05zWA5HlwUbHB1DMr8AyZAu6eDRG8oEtRRzSJPebzqIB705ZvaB1EBHJoMoLyd_6OAusyNMG0y2c-JGUtX1s6RZ4Mnio0nAn3Nx8DjyV7XuS0ebp33pqY5jOMd0TW5v_0h9UVFlPt6pyoUsjJHo1aah98pZhA2hycq8ynXC0jVlQxXEvHNfN5_zGjtsm4ot8ahtNDe-xEJlQbDAjMTD7OgmJnpvgb7BVLdHVMehufWLzivjt589rW5mmOVjNqjIiw048M_kj6CI_xxs5hUXgCePz1YRsSMdU0IITxGJa8wxMtfLUO_ZiEd4kDw9OY7v9lh26z_87Rgu-u2lqL94ZX5pYDdcmbuAg-u0kBGn8yjyKj_rMhJUSvCWeNHat0jRI8CYwSuIbFUY_XsrvjiR0TcbXg9AD0RJAQNH8mZzcqVw3wXtL7A3nfxAFLZWWzrj1sLyw0siHKtldYUN8vz-cgxI6vcyPMePCzwVfflQpcokQcWccHsR0FMjwmamgC8GkXAHtSBFpjittu4NZ6AfjfArOnko_rbpVK95z9Gf8ATpdOf_c05trwhSflyCgDNF5GP1jD-phbN2F5O1y3NQcsCT2hDLyptO6QcLXgdLlnelt_fJl5cYorIoBq6j7Fr6tr2H3yu1twL4TkN0Hs6PxuJq8OjzW55Qiqv77ijFniUqcIqRhwHOrJYqG5dZDQGpxZOYAvoOG8UTyB5l0g

25.07.2024 Скопје

По бројоните забелешки на јавноста низ годините наназад дека пратениците во Собранието и службениците во Владата јадат багателно евтини јадења, новиот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, реши да ги зголеми цените за 50 отсто.

„Зголемување на цените на угостителските услуги во Владините објекти, нема повеќе “багатела” јадење на државна сметка! Во изминатиот период, јавноста често со право обрнуваше внимание на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата. Во таквите дебати особено беше апострофиран собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните“, напиша директорот Ивица Томовски на социјалните мрежи.

Тој додава дека „излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50%. Ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар“.

Најавува дека во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите.

Според него тоа е важно за да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар.

Подготвено од М.Д.

About Author