BAJDEN

15.07.2024 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се надева дека ќе разговара со Доналд Трамп „наскоро“ и повика на единство откако неговиот републикански ривал беше ранет во пукање на митинг во Пенсилванија.

„Нема место во САД за ваков вид насилство. Болно е. Болно е. Тоа е една од причините зошто мораме да ја обединиме оваа земја… Не можеме да бидеме вака, не можеме да го одобриме ова“, изјави Бајден.

„Идејата дека има политичко насилство или вакво насилство во САД е невидено. Сите, сите мора да го осудат“, додаде Бјден.

Бајден рече дека има „мислење“ за тоа дали пукањето на митингот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Пенсилванија било обид за атентат, но дека нема доволно факти да коментира.

„Не знам доволно – имам мислење, но немам никакви факти… Сакам да се уверам дека ги имаме сите факти пред да дадам некој коментар или повеќе коментари“, истакна американскиот претседател.

Подготвено од М.Д.

About Author