stoltenberg-medal

10.07.2024 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Самитот на Алијансата во Вашингтон беше одликуван со највисоката американска цивилна награда – Претседателски медал на слободата.

Медалот му го врачи претседателот на САД, Џо Бајден на церемонијата на отворање на Самитот на НАТО.

„ Господине секретар, вие го водевте овој сојуз низ еден од најважните периоди во нејзината историја. Кога почна војната на Русија во Украина, вие не се двоумевте. Денес НАТО е посилен, попаметен и поенергичен отколку кога почнавте. И една милијарда луѓе во Европа и Северна Америка – навистина, ширум светот – ќе ги соберат плодовите на вашиот труд во наредните години во форма на безбедност, можности и поголема слобода“, изјави Бајден.

Тој го пофали „мирниот темперамент“ на Столтенберг и го опиша како „чесен човек со интелектуална дисциплина“, како и „одличен дипломат“.

Столтенберг ја води алијансата од 2014 година. Во октомври тој ќе му ја предаде функцијата на поранешниот холандски премиер Марк Руте.

Подготвено од М.Д.

About Author